На каналот на Јутјуб после аудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер се појави видео, во кое според некои медиуми, наводно се слуша разговор помеѓу Заев и локален бизнисмен од кој тој бара поткуп.
„Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост“, рече Заев.
„Изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани и тоа преку донација на сметка на Храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на Храмот и нивно донирање и преку донирање на готови пари за купување на градежни материјали.
Во прилог ќе добиете ЦД со моја изјава како го објаснувам начинот на финансирање на изградба на црквата и записникот за пријавување на обидот за поткуп и поднесената кривична пријава против Иван Николов“, додаде Заев.
На крајот тој посочи дека протекувањето на оваа и другите снимки набавени со ПИМ мерки во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот наредбодавател Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки.