Граѓаните тргнаа кон Судот поради притворените студенти

by Фокус 18:27
18:27

Граѓаните кои денеска протестот го започнаа пред Владата која повторно беше под силно полициско обезбедување, тргнаа кон Основниот суд Скопје 1. Тие нагласија дека од 7 мај па наваму студенти се држат во притвор и побараа нивно ослободување. Мерката притвор за студентите кои протестираа ја гледаат како инструмент за заплашување на сите оние кои сакаат да го изразат своето незадоволство.

Пред Владата, демонстрантите извикуваа „Груевски оди си“ , „Готово е, готово“ и „Николче-диктаторче“, а носат транспарент на кој пишува „Збогум Никола“.

- Advertisements -

Барањата на граѓаните кои протестираат обединети во движењето „Протестирам“ се: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

Поврзани новости