Утре средба на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи

by Фокус

Лидерите на четирите најголеми партии утре во 14 часот ќе остварат средба во Клубот на пратеници. Средбата е иницирана од претставниците на меѓународната заедница како компромисно решение за да се отвори дијалог за решавање на политичката криза.

На Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им било понудено средбата да се одржи под координација на претседателот Ѓорѓе Иванов, но од ДУИ веднаш го одбиле предлогот, бидејќи оваа партија не го признава Иванов за претседател.

Поврзани новости