Снег на Попова Шапка, Маврово и Пресека, патиштата проодни

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Стража, Пресека и во Маврово.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Отаму го споделуваат својот дежурен телефон 02/ 25 61 502 и веб страница www.makedonijapat.com.mk

Поврзани новости