ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: По бранот врнежи, следува стабилизирање на времето

by fokus

До крајот на денов бранот на врнежи кој ја зафати нашата држава полека ќе заминува, врнежите постепено ќе се расчистуваат и ќе престануваат. Исто така и облачноста постепено ќе започне да се намалува, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.

Веќе од утре па во текот на следните неколку денови следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено ќе има и мала до умерена локална облачност. Поради продор на значително потопла воздушна маса од југ температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

По одделни котлини сепак ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, токму поради ова и температурите на воздухот ќе бидат нешто пониски. Поради големиот пораст на температурите на воздухот во следниот период се очекува топење на снежната покривка на повисоките места и на планините.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости