911
Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ги сменил началниците во пет Сектори за внатрешни работи.
– Промени се направени заради тоа што сметам дека има сериозни пропусти. Не може да се толерира упадот во УКИМ, не може да се толерираат истрагите кои на некој начин биле во застој за нападот врз новинарите, нема да се толерираат однесувањата на некои началници кои ги повикувале луѓето да се приклучат кон една политичка опција на штета на друга и некои други активности – изјави Спасовски.
Сменети се Ивица Вучевски, началник на СВР Скопје, Методија Атанасовски, началник на СВР Битола, Моме Јакимовски, началник на СВР Куманово, Петре Игнов, началник на СВР Велес и Оливер Ефтимов, началник на СВР Охрид.