Спасовски: Гласачи од Пустец биле регистрирани на државни станови во Центар!

by Фокус

На последните изборни циклуси биле впишувани нови гласачи од Пустец, кои за да добијат лична карта и право на глас биле сместувани и во државни станови, обелодени денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Овие гласачи во 2012 година ги нема во Избирачкиот список, а списокот почнува да се полни во 2013 година со нови лица од Пустец, но кулминацијата се случила во 2015 та година. Според адресите, сите 424 лица гласале во Центар, а биле сместени во станови кои се во сопственост на РМ – рече Спасовски.

Тој најави дека во тек е и уставна постапка за поништување на овие лични карти, а МВР ќе ја интензивира истрагата и ќе поведе постапки против оние кои ги злоупотребиле своите службени позиции.

Поврзани новости