СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со ризико животно осигурување со 4,85% годишна фиксна каматна стапка

by Fokus

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје, овозможува корисникот на кредитот дополнително самостојно да го обезбеди својот кредит, а притоа да добие поповолни кредитни услови. Истовремено, со изборот на полисата за ризико животно осигурување како дополнително обезбедување на кредитот се обезбедува финансиска сигурност за корисникот на кредитот и за неговите најблиски така што во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице осигурителното друштво го подмирува преостанатиот кредитен долг.

СМАРТ ненаменскиот потрошувачки кредит е наменет за сите кои мислат на својата иднина и на иднината на своето семејство и овозможува: поголема финансиска сигурност и безгрижност, поволна премија за осигурување, најповолни кредитни услови, едноставно и брзо договарање во деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје.

  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.6.2020 година
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
  • НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка од 4,85% годишно за првите две години
  • БЕЗ ЖИРАНТИ до 1.200.000 денари
  • МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ – 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот 
Корисници
  • Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои се приматели на плата преку ТТК Банка
  • Пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години
Критериуми
  • Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • Во кредитот НЕ МОЖЕ да се вклучат ко-кредитобаратели
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот
Износ

(со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување)

  • Од 60.000 денари до 1.200.000 денари
Валута
  • МКД
Рок на отплата
  • Од 24 до 95 месеци
Каматна стапка
  • 4,85% годишна фиксна каматна стапка во првите две години
  • 7,23% годишна  променлива каматна стапка  (НРС+ 5,50 процентни поени) од третата година од отплатата до целосната отплата на кредитот
Трошоци

 

  • 500 денари за обработка на барање за кредит
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно)
  • Премија за полиса за ризико животно осигурување
Обезбедување
  • БЕЗ ЖИРАНТИ за кредити до 1.200.000 денари

Останато:

  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 600.000 денари)
  • За кредити на износ од 900.001 до 1.200.000 денари доказ за сопственост на имот – имотен лист не постар од 3 (три)  месеци, во спротивно 1 (еден) жирант
  • Административна забрана на плата
  • Траен налог
  • Полиса за ризико животно осигурување
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и
Полиса за ризико животно осигурување
  • ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје
  • Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје
  • Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка
  • Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот
  • Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно
  • Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.
СВТ
Потребни документи
  • Апликација за кредит
  • Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите
  • Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите (доколку институцијата каде што работат не издава административни забрани)
  • За лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 (три) месеци
  • За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ)
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка
Исплата
  • На трансакциска сметка на корисникот на кредитот

 

Пример

Вид на кредитот СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со ризико животно осигурување
Износ 150.000 денари
Рок на отплата 60 месеци
Износ на ануитет 2.821 денари во првите две години; 2.922 денари за останатиот период
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот
Каматна стапка 4,85% годишна фиксна к.с. во првите две години; 7,23% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 6,04% (трошокот за полисата за ризико животно осигурување не е пресметан во СВТ)
Вкупен износ за плаќање 173.601 денари
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 150.000 денари
Вкупен износ на камата за кредитот 22.901 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата)
Надоместок за одобрување на кредитот  0 денари (без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.6.2020 година)
Надоместок за администрирање на кредитот  0 денари (без надоместок за администрирање на кредитот)
Надоместок за обработка на барање 500 денари
Трошок за меница 200 денари
Датум на пример 1.3.2020 година

Поврзани новости