Филипче: Подготвени сме за пикот, здравствениот систем добро се справува!

by Fokus

Секој ден расте бројот на заболени од корона вирусот во Македонија, а министерот за здравство, Венко Филипче е убеден – нашиот здравствен систем е подготвен да се бори со заразата.

„Ние динамички ја следиме ситуацијата, врз основа на пациенти со симптоми, нивни примарни контакти. Овој систем е сосема солиден, бројот на лекари специјалисти, организацијата е сосема солидна. Моделот на третман на кој ќе се лечат тешките и средно-тешките пациенти е добар и имаме сосема доволна бројка на болнички кревети. Можеме да апсорбираме и поголем број на пациенти. Подготвени сме и за пикот на заразата. Ќе се отворат уште повеќе пунктови. Ставен во функција пунктот во „Млин Балкан“. Таков капацитет ќе се дуплира и во другите градови, доколку е тоа неопходно“, истакна Филипче

Поврзани новости