Апелацискиот суд во Скопје потврди дека бизнисменот Сеад Кочан треба да оди во притвор поради опасност од бегство. А пред да биде донесена одлуката, вработените во ТВ Нова се собраа пред судот да протестираат во форма, дека гонењето на нивниот газда било атак врз слободното новинарство.
Почитувани новинари од ТВ Нова, да разјасниме нешто на прва. Под слобода на говор не се подразбира фалсификувани документи со кои прикажале непостоечка состојба за поседување на механизација за да се земе тендер од 17 милиони евра. Не е ова слобода на говор и никогаш нема да биде. Ова е криминал.
Слобода на говор може да ги тумачите сите ваши манипулации и цела пропаганда која ја емитувате на вашата телевизија, тоа иако е погрешно, неетички, сепак може да се толкува како слобода на говор. Гледачите на вашата телевизија ќе одлучат дали вие лажете или не, додека во случајот Труст доказите одлучуваат, а тие како што изгледа се прилично цврсти и јасни.
Друго интересно е што Сеад Кочан никаде го нема, иако е во бегство односно на службен пат, така што тој практично е на слобода. Така да, не протестирајте со паролите „Слобода за Кочан“, безвезе ви се.
На крај, ќе го парафразирам Фрчковски во врска со случајов. Да обвинувате дека ова е атак врз слободата на говор е како да го обвинувате Чарлс Дарвин за појавата на Ристо Никовски.