СЈО со реакција на заканувачкото соопштение на ДПМНЕ

by fokus

Од Специјалното јавно обвинителство се огласија со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое порачаа дека во знак на протест против одлуката за притвор на Сеад Кочан, ќе ги искористеле сите мерки за спречување на, како што рекоа, „недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира“.

-Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова Јавно обвинителство со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искажани во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ- велат од СЈО.

Обвинителството ја потсетуваат партијата дека за формирањето на оваа институција имаше и нивна согласност потпишана во договорот од Пржино.

-Во оваа прилика укажуваме дека ова Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ-додаваат од СЈО.

Поврзани новости