Жбогар: Крајно време е за нова влада

by fokus 20:09
20:09

-Вратите на Европската Унија се отворени, потребна е нова влада која ќе го почне тој процес- порача денеска евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар.

Тој потенцира дека делови од Пржинскиот договор се уште не се исполнети, меѓу кои и формирање Влада која веднаш ќе се зафати со имплементирање на итните реформски процеси опфатени во договорот.

-Мислам дека е крајно време да се придвижиме напред. Потребна ни е влада која ќе се ангажира за спроведување на итните реформски приоритети. Брисел има голем интерес но и загриженост за тоа што се случува во Македонија- рече евроамбасадорот.

Жбогар сè уште официјално не открива, дали еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во вторник ќе допатува во Скопје.

Поврзани новости