Наврнато количество на воден талог во л/м2 за време на изминатиот бран на врнежи во државата: Демир Капија 26, Маврово 23, Штип и Претор 14, Скопје – Петровец 13, Битола 10, Струмица и Берово 9. На високите планини (над 2000 метри) особено на западот поради снежните врнежи дојде до формирање на тенка снежна покривка.
Инаку понатаму ќе започне да дува јужен и југозападен ветер кој полека ќе засилува на интензитет, а температурите на воздухот, особено оние максималните ќе бидат натпросечно високи. До крајот на денов ќе имаме сончево време со мала до умерена, а доцна попладне и навечер умерена облачност која локално има услови да биде и малку позначителна. Во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд особено на запад.
Максималните дневни температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. Утре особено на запад ќе има услови за слаб локален дожд кој во вечерните часови ќе се интензивира а локални повремени врнежи ќе има и на другите места низ државава, не се исклучува можноста и за ретки грмежи.
Повремените врнежи од локален карактер ќе ги има и во петок како и во сабота. Максималните температури на воздухот понатаму ќе бележат тенденција на пораст па така утре и во петок истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени кога ќе бидат и највисоки.
Подготви: Славчо Попоски