Следните 48 часа се клучни за лекувањето на Трамп од ковид 19

by Фокус

Американскиот претседател Доналд Трамп помина низ многу загрижувачки период и следните 48 часа ќе бидат клучни во лекувањето на неговата инфекција со коронавирусот, изјави официјалниот претставник на Белата куќа, Марк Медоус, шеф на кабинетот на Трамп. Тој рече дека американскиот претседател, кој од вчера е во воената болница, се уште не е на јасен пат кон целосно закрепнување.

Претходно денес, докторот на Трамп, Шон Конли, им изјави на новинарите дека првиот човек на Белата куќа е во добра состојба и дека немал треска во претходните 24 часа. Конли не одговори на постојано поставуваното прашање дали во одреден момент на Трамп му бил даден дополнителен кислород.

Сепак, извор чиј идентитет не го открива „Асошиејтед Прес“ изјави вечерва дека Трамп примил кислород во Белата куќа пред да биде пренесен во воената болница, неколку часа по потврдата дека е заразен со вирусот.

Поврзани новости