Пазарната инспекција влезе во кафулето Мош, сопственикот казнет со 4.000 евра

by Фокус

Пазарниот инспекторат, заедно со десетици полицајци, вечерва влегоа во кафулето Мош, кое продолжи да организира забавата, иако вчера беше објавено дека е поднесена кривична пријава откако претходно бил организиран концерт на Владо Георгиев без почитување на корона мерките.

Како што објави ТВ 21, инспекторите потврдиле дека протоколите се прекршени, додека сопственикот на ресторанот ќе биде казнет со 4 илјади евра.

Според телевизијата, барот ќе биде затворен следната недела.

Поврзани новости