Следен чекор е полициски час, предупредува Филипче

by fokus

Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би било целосно ограничување на движењето, односно полициски час, предупреди министерот за здравство, Венко Филипче кој денеска ги соопшти новите предлог мерки на Комисијата за заштита од заразни болести.

– Да смогнеме сили и да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето тоа. Со овие мерки, заедно со мерките за задолжително носење на маски на отворено, забрана за гурпирање после 23 часот, забрана за семејни прослави, може да се намали бројот на заразени ако се почитуваат мерките и препораките, рече Филипче.

Новите мерки се работа на економските оператори до 23 часот, ограничување на јавниот превоз до 50 отсто, јавната администрација да организира работа во смени или онлајн од дома.

 

Поврзани новости