708
Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
„Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста. Упатувам апел до сите оние лица кои се излечени од КОВИД-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма. За пријавување пополнете го електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4 Да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите заболени од КОВИД-19 побрзо да оздрават – напиша Филипче.