Славески: Не отпаѓа идејата за широка коалиција на ВМРО и СДСМ

by Фокус

Не отпаѓа идејата за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, практично тоа е вториот предлог да има широка влада без ДУИ, изјави на „Трилинг“ поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Трајко Славески.

На прашањето дали лидерот Христијан Мицкоски го информираше членството за средбата со премиерот Димитар Ковачевски, Славески беше категоричен дека партијата била известена за тоа.

-Не само што го информираше туку и пред самата средба имавме средба за позициите со кои ќе настапи претседателот Мицкоски, а со тие позиции беше запознаена и македонската јавност по завршувањето на средбата – рече тој.

Славески додава дека воопшто не е изненаден од понудата за пет министерски места.

-Не отпаѓа идејата за широка коалиција на ВМРО и СДСМ, тоа е втората опција да се формира влада без ДУИ и да има предвремени избори – вели Славески.

Според него, за поздравување е резолуцијата на Германија, но тоа не го решава проблемот за да нема натамошни пречки во преговорите со ЕУ.

Поврзани новости