Облачно, со дожд и ветер

by Fokus

Времето денес ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец,предвидуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки арботи на Македонија.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните од 14 до 24 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд, повремено пороен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Поврзани новости