Винарската визба „Сковин“ ги исплати сите обврски кон своите добавувачи на грозје, индивидуалните лозари и кооперанти. „Сковин“ годинава ја заокружи бербата со 40 отсто грозје добиено од сопствените лозови насади и 60 отсто откупено од кооперанти, информира компнијата.
Винарската визба Сковин е реномирана компанија и е една од трите најголеми винарии во Македонија. Како општествено одговорна компанија СКОВИН АД Скопје е најголемиот подржувач на земјоделството кое е основна гранка во Р.Македонија .
„Согласно законот за земјоделство, Сковин редовно и доследно ги исплаќа обврските кон лозарите како за изминатите така и за оваа 2016 год, предвремено се подмирени сите обврски кон своите добавувачи на грозје, индивидуалните лозари и кооперанти. Со ова само се потврдува дека СКОВИН АД Скопје е една од најстабилните винарски визби во Македонија. Компанија која е сигурен и долгорочен партнер и која континуирано ги негува односите со лозарите и со своите добавувачи. Компанија која се грижи за заштита на животната средина“, се вели во соопштението на „Сковин“.
И оваа година, како што велат, квалитетот на грозјето е добар а со тоа се очекува и уште подобар квалитет на виното. Со оглед на планираното производство и пласман, целите за оваа година се насочени кон целосна продажба и пласман на вино на своите постојани пазари како:Германија,Чешка, Хрватска, Русија, Јапонија, Србија, Словенија, Црна Гора како и соработки со нови потецијални пазари.
„Со цел исполнување на својата мисија и визија, а во духот на стратешкото работење винаријата Сковин и понатаму ќе продолжи со постојаниот процес на подобрување на квалитетот на своите производи преку вложување во нови технологии во процесот на производство следејќи ги најновите светски трендови, сé со цел да стане голем промотор на квалитетно македонското вино кое ќе биде препознаено и распространето не само во својата земја туку и подалеку во светот“, информира компанијата.