414
Поради снимање на францускиот филм „А Фонд“, скопската обиколница од денеска до петок ќе биде затворена за сообраќај, а забраната ќе важи и наредната седмица, односно од 21 до 25 септември, како и на 28 септември, соопшти Автомотосојузот на Македонија по известувањето од продукцијата „Мануфактура“.
Привремената измена на режимот на сообраќај на обиколницата на Скопје ќе важи од 7 до 19 часот во секој од наведените датуми.