Скопје од утринава се соочува со целосен сообраќаен хаос откако утринава приватните превозници поставија блокади кај раскрсницата кај „Мавровка“.
Откако пропаднаа сите обиди за некаков компромис и договор, приватните превозници утрово излегоа на протест со нивните автобуси и ја блокираа крстосницата кај Т.Ц. „Мавровка“.
Тоа предизвика километарски колони од возила низ централното подрачје на градот и бескрајни чекање на семафорите.
Хаосот продолжи и попладне а дополнителен метеж направи еден од автобусите кој остана во дефект сред булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Тутунски комбинат , а патниците го напуштија возилото.
Највено беше дека околу 17 часот автобусите ќе се тргнат и ќе ја деблокираат оваа фрекфентна крстосница, но блокадата сеуште трае и тие засега не се тргаат од крстосницата