Скопје се поврзува со Санкт Петербург преку директна авиолинија

by Fokus

Рускиот авиопревозник „Нордвинд ерлајнс“ ќе отвори нова авиолинија од Скопје за Санкт Петербург во текот на месецов.

По авиолинијата Скопје-Москва, ова ќе биде втора редовна линија на рускиот превозник од главниот град на Македонија, а летовите за Санкт Петербург ќе започнат на 21 септември и ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник, со авион од типот „ембрер Е190“ со 110 седишта.

Цените на билетите почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

Поаѓањето од Скопје е во 14:40 часот, а пристигнување во Санкт Петербург во 18:55 часот, додека поаѓањето од Санкт Петербург е закажано за 11:10 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 13:35 часот.

Од авиокомпанијата велат дека ќе ги зголемат и двата неделни лета Скопје-Москва на три неделно, почнувајќи од 28 септември.

Поврзани новости