Скопје мета на крадци: За три месеци ограбени 483 станбени објекти

by fokus

Вкупно 700 крадци се регистрирани за кривични дела „тешка кражба“ во станбени објекти во последните три месеци. Од нив повеќе од половина, односно 483 дела се направени во Скопје, а топ три општини се Центар, Карпош и Аеродром, информираат од МВР за Фокус.

Крадци најмногу „оперираат“ во Аеродром, каде за три месеци се ограбени 114 станбени објекти, потоа во Центар, каде се забележани 110 грабежи. Следен е Карпош, со 90 грабежи за три месеци.

По овие општини, следува Чаир со многу помала бројка, односно 48 станбени објекти, Гази Баба со ограбени 44 станбени објекти, 35 во Ѓорче Петров, 31 кај Бит Пазар. Во Кисела Вода за три месеци се ограбени 20 станбени објекти, а во Драчево десет.

До Фокус стигнуваат информации дека полицијата не сака во билтенот да излезат грабежи со штета помала од 200 евра, па затоа е можно и онака големата бројка на ограбувања да е уште поголема.

Александар Тодески

Поврзани новости