Се запали отпадот во Железара

by fokus 09:35
09:35

Пожарникарите се уште се справуваат со пожарот во „Макстил“ кој изби вчеравечер кај отпадното железо. Граѓаните на социјалните мрежи синоќа реагираа дека околината на Железара е покриена со чад, дека надвор не се дише и дека е намалена видливоста.

Според Противпожарната бригада пожарот избувнал во отпадот каде железото било помешано со пластика и друг вид на отпад.

Од Град Скопје соопштија дека околу 21.30 часот пожарот избил на местото викано Челичарница во кругот на Железара.

 

Поврзани новости