Скопје и Охрид еден час во темница

by fokus 09:29
09:29

Синоќа во 20.30 часот, по локално време, светилките во Скопје и Охрид се исклучија во знак на глобалната акција „Час на планетата земја“. Со ова, Македонија и годинава се вклучи во најголемата еколошка акција во светот, во која годишно учествуваат над 170 држави и 7000 градови.

Сепак, не сите институции и приватни фирми решија да се вклучат во акцијата што траеше еден час, а која има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за ефектите од климатските промени.

Инаку, ова одбележување првично започнало во Сиднеј, во 2007 година. Годинава, мотото е „Заблескај светлина на климатските промени“, а Македонија се вклучи со два града – Скопје и Охрид.

 

Поврзани новости