430
Вчера попладне, 46-годишна скопјанка била прегазена од автомобил, при што се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била хоспитализирана.
„На 09.09.2019 во 16.20 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од с.Седларе, тетовско, удрил во пешакот Џ.Х.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Х., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.