Здравев: Сите предмети на СЈО треба да добијат судско-обвинителска завршница

by fokus

Сите предмети отворени од СЈО, независно во која фаза се наоѓаат, треба да добијат соодветна судско-обвинителска завршница. Ова денеска го изјави Киро Здравев, претседател на Судскиот совет.

-За предметите што се веќе во суд, треба да има соодветна пресуда. За другите предмети, што ќе ги преземе редовното обвинителство, треба да се донесат соодветни обвинителски одлуки. Тоа што предметите ги презема редовното обвинителство го прави депласирано начелното правно мислење на Врховниот суд, изјави Здравев.

Според начелното правно мислењето на Врховниот суд, СЈО е неовластен тужител во сите истраги и предистраги за кои до 30 јуни 2017 година не беше поднесен обвинителен акт. Станува збор за 19 истраги и стотина предистражни постапки.

Поврзани новости