424
Мајка пријавила во полиција дека татко го злоставувал своето осумгодишно дете, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, пред три дена било пријавено дека во Ургентниот Центар 36-годишна скопјанка го донела своето осумгодишно дете со наводно објаснување дека детето било злоставувано од неговиот татко. Од страна на полициски службеници извршени се разговори, врз детето е извршен лекарски преглед и констатирано е дека нема повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.