Скопјанка истепана и ограбена во сопствената куќа

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и ограбена во нејзината семејна куќа, велат од МВР.

„На 13.04.2022 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Л.М. од Скопје пријавила дека во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело пари и лични предмети. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости