363
Педесет и четиригодишната скопјанка Ф.П. се заклучила во својот стан откако претходно се заканила дека ќе се самоубие. Случајот вчера во полиција го пријавила нејзина соседка, а кога полицијата влегла во нејзиниот стан, Ф.П. веќе имала испиено неодредена количина на солна киселина.
Од полициски службеници кои влегле во станот била спречена да го испие и преостанатиот дел. Од страна на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.