Три лица му излегле со пиштол додека возел кон патот Тетово-Желино

by fokus 10:36
10:36

Три лица му го попречиле патот на 43 годишниот Д.Ј. од Тетово, кој со товарното возило „Мерцедес“ се движел од селото Мерово кон регионалниот пат Тетово-Желино.

Д.Ј. застанал со возилото, по што едно од лицата вперилo пиштол кон него. Тој веднаш го стартувал товарното моторно возило и го напуштил местото на настанот.

По преземените мерки и активности констатирано е дека сторители се А.Д.(18) и уште две лица на возраст од 16 години сите од село Ново Село, тетовско.

При преглед на едно од лицата пронајден е гасен пиштол. Две од лицата се приведени. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот по што ќе бидат поденесени соодветни пријави.

Поврзани новости