Повреден геодет од државниот катастар по пад во дупка

by fokus 10:50
10:50

53-годишниот В.З. од Делчево вработен како геодет во Агенцијата за катастар и недвижности, паднал во влабнатина вчера додека извршувал работни задачи поради нерамен терен. Според полицијата, В.З. по пад во дупката се здобил со тешки телесни повреди.

Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување.  Извршен е увид на местото на настанот.

- Advertisements -

Поврзани новости