1.1K
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 ја најави можноста скопјани на реферндум да изберат дали се да воведување на БРТ превозот или пак друго решение.
-Ги информирав ЕБОР за ризиците во процесот. А, и самите граѓани на изборите избраа друг концепт. Референдумот е една од опциите, граѓаните да одлучат дали сакаат едно или друго решение. Не само за ова, ќе почнеме да го практикуваме референдумот за сите побитни работи. За БРТ граѓаните не беа прашани. Постапките не се отидени во некоја длабока фаза, сега тоа ќе се запре за да се испитаат сите работи, вели Арсовска.