Србија и Русија потпишаа договор за изградба на Центар за нуклерна медицина

by fokus

Владата на Република Србија и Државната корпорација „Росатом” го потпишаа Општиот рамковен договор за изградба на Центарот за нуклеарни технологии и Договорот за основање заедничко претпријатие кое ќе го реализира овој проект на територијата на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во пресрет на посетата на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на Москва, договорите ги потпишаа министерот во Владата на Србија и претседателот на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ и претседателот на Росатом Оверсиз Евгениј Пакерманов, соопштија од кабинетот на министерот за иновација и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Врз основа на споменатите договори, во следните три години во Србија ќе се изгради Центар за нуклеарна медицина базиран на комплексот циклотрон и капацитети за производство на радиофармацевтски производи.

Поврзани новости