669
Жител на Скопје трагично го загуби животот откако со автомобилот паднал во бездна длабока 100 метри кај превојот „Стража“, информираат од МВР.
„На 21/22.05.2020 на пат кон превојот „Стража“ во с.Сретково, патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.Г.(53) од Скопје излетало од коловозот и паднало во бездна длабока околу 100 метри при што возачот починал на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.