Пет оздравени и двајца новозаболени од корона вирус во Прилеп

by Fokus

Во Прилеп денеска има петмина оздравени и двајца новозаболени од корона вирусот.

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на корона вирус, од кои 53 се активни.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески” хоспитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на корона вирус, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка.

Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на корона вирус, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати.

Поврзани новости