Скопјанец со пиштол се заканувал на друго лице во угостителски објект во Горно Лисиче

by fokus

Во угостителски објект во Горно Лисиче, 26-годишен Скопјанец се заканувал на друго лице со пиштол, пренесува МВР.

„На 16.05.2019 година во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д.(26) од Скопје му се заканувал со пиштол. Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција. Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен. По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости