Пронајдена мајката која го остави бебето во парк во Топанско Поле

by fokus

Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето бебе во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, а тоа нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар, пренесува Слободен печат.

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.

Поврзани новости