Скопјанец со нож нападнал вработен во клинички центар

by Фокус

Полицијата поднесе кривична пријава против Х.Б.(43) од Скопје поради противправно лишување од слобода, насилство и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

„На 13.06.2018 година околу 11 часот во Скопје во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на одделението за хематологија, пријавениот им упатувал закани на вработени во клиниката, при што не им дозволувал да ја напуштат просторијата. Потоа, во ходникот, пријавениот и упатил закани по животот на вработената М.Ѓ.(47) од Скопје, при што со нож се обидел физички да го нападне Б.К. (32) од Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости