Поранешниот секретар на Кочани незаконски потрошил 200.000 евра за привремени вработувања

by Фокус

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против А.П. (60) за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според МВР, тој во периодот од 2013 до 2017 година како секретар на општина Кочани, спротивно на Законот за агенции за привремени вработувања, преку агенцијата за привремени вработувања „Контакт Бизнис“ – Скопје во 33 наврати ангажирал 38 лица за извршување работни задачи во општина Кочани.

На овој начин им овозможил да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од над 13 милиони денари на штета на општинскиот буџет.

Поврзани новости