Скопјанец се самозапалил бидејќи сакале да го депортираат во Македонија

by fokus

Македонски државјанин на возраст околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави „Албеу“, а пренесе СДК.

30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.

Бројот на баратели на азил во Исланд годинава достигна 1.000, што е три пати повеќе во однос на минатата година и голем дел од нив се од Македонија. Најмногу од нив доаѓаат од Будимпешта во среда и во недела, кога има летови.

Поврзани новости