Претпоследен ден од изборната кампања

by fokus

Изборната кампања се ближи кон крајот. Партиските каравани денеска ќе митингуваат за претпоследен пат пред предизборниот молк.

Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има митинзи во Радовиш (17:30) и во Струмица (19:00).

На претпоследниот ден од кампањата коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во Бутел (17:00), Гази Баба (19:00) и Шуто Оризари (21:00).

Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз ќе го одржи завршниот предизборен митинг во Скопје (ТЦ. Бисер/17:00), а Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во општина Ѓорче Петров.

Поврзани новости