Скопјанец пренесен во Клинички центар откако го избоделе соседите

by fokus

Вчера утрото, 44-годишен скопјанец бил прободен во грбот од неговите соседи и веднаш пренесен во Клинички центар, пренесува МВР.

„Вчера околу 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Б.Д.(44) од Скопје со убодни рани во пределот на грбот. Според пријавеното, повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на ул.„376“, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости