Стојаноски: Го проверивме Ал Тани, навистина е шеик

by Фокус

Неодамнешната посета на шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар во Охрид беше протоколарна и на делегацијата и биле презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството, вели градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

-Човекот којшто беше гостин беше навистина шеик и ние тоа го проверивме уште пред да го примиме. Втора работа е тоа што неговата посета беше договорена преку Амбасадата на Република Македонија во Катар и преку Министерство за земјоделство. Тој го посети градот Охрид и наша обврска беше протоколарно да го примиме. Ние ниту сме разговарале со него лично за одредени инвестиции, ниту сме разговарале за развој на Охрид, затоа што тоа беше мој прв работен ден како градоначалник. Човекот беше протоколарно дојден и се интересираше за одредени можности за купување на имот или за инвестиции во Охрид – појаснува Стојаноски.

Поврзани новости