Со тупаници и клоци по главата и телото, четириесет и петгодишен скопјанец ја тепал вонбрачната партнерка во семејниот дом на улица „Партение Зографски“. И нанел тешки телесни повреди изразени во вид на хематоми во пределот на лицето, на обете подлактици и мултифрагментарни фрактури на носните коски.
Ја тепал неколку пати во периодот од 25 до 30 мај.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител ги ценеше околностите кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство и го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, како и фактот што конкретниот кривично-правен настан генерално се однесува против моралот. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.