Аца Лукас доаѓа во Гевгелија, не остана билет ниту од 8.000 денари!

by fokus

Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас доаѓа во Гевгелија и ќе настапи во познат ноќен клуб на 10-ти јуни. Гостувањето на музичарот кој редовно ги полни клубовите и за чии концерти се бара билет повеќе, и овојпат предизвика голем интерес од публиката, па влезниците за неговиот концерт веќе се распродадени.

Како што може да се види на страницата на клубот каде ќе гостува, билетите се продавале во повеќе категории. Влезница на врата за 600 денари, Фан зона за 6.000 денари и ВИП зона за 8.000 денари. Во зависност од редот во зоната, имало и билети по цени од 3.000, 4.000 и 5.000 денари.

И покрај тоа што често пати јавно е критикуван поради својот животен стил, контроверзниот музичар сепак важи за избор со кој клубовите нема да згрешат, и без оглед на цената на влезниците, ќе го наполни локалот до последно место.

Јавноста се сеќава на неговиот концерт во Охрид, кој се одржа кон крајот на декември лани, а беше прекинат по околу 15 минути, бидејќи му се слошило додека пеел.
Иако гостите бурно реагираа дека платиле дури и по 9.000 за настанот и беа разочарани, сепак по само неколку дена, кога Лукас најави концерт во клуб во Струмица, локалот повторно беше преполн со публика.

-Се му е простено, оти прави најдобри забави, коментираа тогаш негови обожаватели.

Минатиот месец пак, за време на продолжен празничен викенд Лукас гостуваше во популарно летувалиште во Грција, а клубот беше преполн со публика од Македонија и соседна Србија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости