Поплавени деловни објекти и куќи од невремето во Неготино

by fokus

Поплавени неколку деловни објекти и куќи, трафостаница на ЕВН предизвика невремето што го зафати околу пладне Неготино, објавија од Центарот за управување со кризи на фејсбук.

– Врнежите беа обилни и истите предизвикаа поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде до прекин во електроснабдувањето. Исто така во село Дисан има поплава на станбен објект (куќа).

ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода. Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интервенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот, објавија од Центарот за управување со кризи.

Поврзани новости