Скопјанец фатен со дрога, фалсификувал и 100-денарки

by irena 10:38
10:38

МВР информира дека доцна синоќа во 23:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.К.(46) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од 100 денари.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични вести