580
Истражители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, потврдија неофицијално од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.
СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.